Француски новинар загина во руско гранатирање во Луганск, рече гувернерот

Француски новинар загина откако оклопен транспортер беше погоден со руски гранати во областа Луганск, изјави регионалниот гувернер Сергеј Гајдај.

Фото: ЕПА

Напорите за евакуација на цивилите во областа Луганск во источна Украина денеска се прекинати откако оклопен транспортер беше погоден со руски гранати, при што загина францускиот новинар Фредерик Леклер, изјави регионалниот гувернер Сергеј Гајдај, цитиран од Ројтерс.

Гајдај на апликацијата Телеграм напиша дека шрапнелот го пробил оклопот на возилото, убивајќи акредитиран француски новинар што патувал во него.

Гајдај даде и фотографија од прес-акредитацијата што го идентификува новинарот, кој наводно работел во француската БФМ ТВ. 

Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека ги проверува информациите за смртта на новинарот.

 

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе