Француската премиерка поднесе оставка, Макрон не ја прифати

Француската премиерка Елизабет Борн му поднесе оставка на претседателот Емануел Макрон, тој одби да ја прифати за владата да остане деновиве на должност и да дејствува, соопшти француското претседателство.

Фото: ЕПА

По парламентарните избори одржани во неделата, Макрон остана без апсолутно мнозинство во парламентот новата ситуација отвора период на нестабилност.

Шефот на државата ќе ги спроведе потребните политички консултации за да се идентификуваат конструктивни решенија во служба на Французите, додаваат од претседателството.

Макрон денеска и утре ќе ги прими шефовите на политичките партии во Елисејската палата, беше соопштено претходно денеска.

Елизабет Борн ќе ја собере целата влада попладнево, изјавија нејзините портпароли.

Либерално-центристичката коалиција која се потпираше на удобно апсолутно мнозинство од 289 пратеници за време на првиот петгодишен мандат на Макрон, по изборите задржа само 245 од 577 места во парламентот.

Останатите места се поделени главно меѓу екстремната десница на Марин Ле Пен, која забележа невиден пробив со 89 пратеници, обединетата левица под покровителство на Жан-Лук Меланшон со 151 пратеник и традиционалната десница со 61 пратеник.

Ваквата ситуација повторно го става парламентот во центарот на политичката игра, за прв пат по 1958 година и од Петтата република.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе