Нупес, по парламентарните избори одржани во неделата, е втората најголема група во долниот дом на парламентот.
Како што наведува Ројтерс, Нупес сам нема доволно гласови за усвојување иницијатива за изгласување недоверба и има малку сојузници во многу фрагментираниот парламент.
Според последните податоци за вториот круг на парламентарните избори во ФРанција, Коалицијата Заедно на Макрон освоила 38,48 отсто од гласовите или 245 мандати во парламентот, што значи дека го загубила апсолутното мнозинство.
Левичарската коалиција Нупес на Жан Лук Меланшон добила 131 мандат, а Националниот форум на Марин ле Пен 89 мандати.