Франција остана без руски гас

Францускиот оператор за гас ГРТ откри дека Франција повеќе не добива гас од Русија преку Германија. Испораката е прекината на 15 јуни, наведе француската компанија.

EPA-EFE

ГРТ порача дека Франција нема да има тешкотии да ги задоволи потребите на потрошувачите во текот на летото, истакнувајќи дека протокот на гас од Шпанија е зголемен.

Во моментов нивото на резерви на гас во Франција е 56 отсто, во споредба со вообичаените 50 отсто во исто време на годината.

„Меѓутоа, правилното полнење на француските складишта во очекување на следната зима мора да остане приоритет за сите шпедитери и заинтересирани страни“, наведе француската компанија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе