Франција ја повика Британија да овозможи легална имиграција: „Преземете ги своите обврски“

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин ја повика денеска Велика Британија да дозволи „легален пристап до имиграцијата" и „да ги преземе своите обврски", еден ден по европскиот состанок во Кале, од кој Британците беа исклучени.

Фото: ЕПА

„Велика Британија треба да овозможи легален пристап до имиграцијата“, рече министерот за БФМ/РМЦ, бидејќи „оние кои денес сакаат да бараат азил во Англија, немаат друг избор освен да го преминат Ла Манш“.

„Го упатуваме овој отворен повик затоа што имигрантите не можат по легален пат да влезат во Велика Британија и затоа што во Англија работиме без лична карта“, рече Дарманин во понеделникот.

„Што ќе правиме со Англичаните? Нека го сменат законот и нека ги преземат своите обврски“, посочи тој.

Тој потсети дека секоја година во Велика Британија се поднесуваат 30.000 барања за азил, а во Франција околу 150.000.

„Подготвен сум за дијалог со Британците под услов да имаме нормални односи и да бидеме со исто расположение“, рече Дарманин, додавајќи дека тој и колешката Прити Пател се слушаат на телефон „речиси секој ден“.

Во понеделник во Париз се одржува состанок на Советот за одбрана во врска со миграцијата за да се „анализира ситуацијата“, на повик на францускиот претседател Емануел Макрон, додаде Дарманин.

Во заедничката декларација усвоена на состанокот во неделата, на која присуствуваа претставници на германската, холандската и белгиската полиција, европскиот комесар за внатрешни работи Илва Јохансон и директорите на европските агенции за криминалистичка полиција Европол и граничната Фронтекс, е договорено зајакнување на „оперативната соработка против трговијата со луѓе, но и подобрување на соработката со Велика Британија“.

Британските и француските власти меѓусебно се обвинуваат за смртта на 27 мигранти кои се удавија во средата во Ла Манш во обид да стигнат до Британија, што е најтешката несреќа во која загинаа мигранти во каналот меѓу Франција и Британија.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе