Франција има нов премиер

Во најавената реконструкција на кабинетот францускиот претседател Емануел Макрон за нов премиер го именуваше денес Жан Кастекс, висок функционер задолжен за стратегија за излез на земјата од карантинот.

EPA-EFE/GONZALO FUENTES

Кастекс ќе добие мандат да формира нова влада, кратко соопшти Елисејската палата.

Тој на функцијата премиер ќе го замени Едуар Филип, кој денес се повлече од таа позиција.

Кастекс (55) потекнува од централната-десница на француската политика и две години служел како втор највисок функционер во Елисејската палата за време на претседателството на Никола Саркози.

Макрон ја реформира својата влада додека Франција се справува со најдлабоката економска депресија од Втората светска војна, остар пад што ќе ја намали економијата за околу 11% во 2020 година и ќе ги поништи тешко стекнатите придобивки од невработеноста.

Макрон се одлучи за промена, откако неговата центристичка партија оствари слаб резултат на последните локални избори и не успеа да победи во ниту еден голем град.

На изборите зголемена поддршка остварија Зелените, а се покажа дека Макрон има проблеми со привлекувањето на левите гласачи.

Најзабележителна победа е успехот на Филип во Авр, а неговата оставка му го отвора патот да стане градоначалник на северното пристаниште, од каде што може да се појави како ривал на Макрон за две години.

Макрон ризикува заменувајќи го Филип, кој е попопуларен од претседателот, велат политичките аналитичари, јави Ројтерс.

Но, задржувањето на Филип би сугерирало дека Макрон е преслаб да го напушти својот премиер и дека на неговата партија ѝ недостига длабочина за целосен ремонт на кабинетот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/GONZALO FUENTES

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе