Франција и Австралија согласни дека подморниците не го нарушуваат трговскиот договор

Француските и австралиските власти денеска порачаа дека огорченоста на Париз од раскинувањето на договорот за купување подморници нема да ги наруши преговорите за договорот за слободна трговија меѓу Австралија и Европската Унија.

Фото: ЕПА

Франција ги повлече своите амбасадори во САД и Австралија, откако американскиот претседател Џозеф Бајден минатата недела објави нов сојуз за стратешко партнерство меѓу Америка, Велика Британија и Австралија, што ќе ѝ испорача најмалку осум подморници со нуклеарен погон на австралиската флота.

Со тој договор е раскинат договорот вреден 90 милијарди австралиски долари (56 милијарди евра) за купување на 12 конвенционални дизел и електрични подморници од Навал груп, во мнозинско државно сопствеништво на Франција.

Францускиот амбасадор во Австралија Жан-Пјер Тибо ги демантираше медиумските извештаи дека Франција лобира во Европската Унија да не го потпише трговскиот договор со Австралија, за кој се преговара од 2018 година.

„Во оваа фаза, преговорите продолжуваат и постои голем интерес... Австралија да има договор за слободна трговија со ЕУ“, рече Тибо.

Австралискиот министер за трговија Дан Техан рече дека за неколку недели ќе отпатува за Париз за да разговара со својот француски колега Франк Ристер.

Техан рече дека неговата посета на Брисел во април покажала дека постои „силно разбирање за разговорите за договор за слободна трговија со ЕУ, што е во заеднички интерес и на Австралија и на Европа“.

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе разговара со Бајден во наредните денови за прв пат од избувнувањето на дипломатската криза.

Австралискиот премиер Скот Морисон денеска отпатува во Соединетите Држави за да се сретне со Бајден и лидерите на Индија и Јапонија, кои ја сочинуваат таканаречената група „Квад“ (квадрилатерален безбедносен дијалог).

Групата Квад е основана во средината на 2000 година за да се спротивстави на зголеменото кинеско влијание во регионот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Радован Павловски (1935, Ниш, Србија) е водечко име на третатта генерација македонски писатели, која во нашата литература се појави во шеесеттите години на минатото столетие и внесе нов творечки дух со препознатлив национален белег.

повеќе

Во јавните високообразовни институции, научноистражувачката дејност е целосно маргинализирана под неопходниот минимум.

 

повеќе

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе