Франција ги повлекува своите војници од Ирак поради коронавирусот

Франција ќе ги повлече своите воени единици од Ирак каде беа во мисии за обука, објави синоќа генералштабот и како причина ја наведе пандемијата на коронавирусот.

На границата со Иран, каде вирусот веќе однесе 1.700 животи, Ирак во неделата одреди силни мерки против новиот коронавирус и објави дека 20 лица умреле и дека се потврдени 233 случаи на зараза со ковид-19.

„Поради санитарната криза Франција реши да го повлече својот персонал од операцијата Шамал (францускиот дел од меѓународната операција) во Ирак“ или околу 200 војници кои работат на обуката на ирачката војска.

Денес почнува нивното враќање во Франција.

И Британците и Чесите најави делумно или целосно повлекување на своите сили од Ирак.

Откако Соединетите Американски Држави во јануари во Багдад убија висок ирански воен функционер, ирачкиот парламент изгласа заминување на странските воени единици од Ирак, меѓу кои 5.200 американски војници.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе