„Имаат само една грижа – Кина“

Франција: ЕУ повеќе не може да смета дека САД ќе ја заштитат, Европејците да ги отворат очите

Францускиот министер за економија Бруно ле Мер изјави денес дека кризата поради раскинувањето на договорот за купување подморници покажала дека Европската Унија повеќе не може да смета на тоа дека САД ќе ја гарантираат нејзината безбедност и ги повика Европејците „да ги отворат очите“.

EPA-EFE

Првата лекција која може да се научи од оваа епизода е дека Европската Унија мора да изгради своја стратегиска независност, кажа францускиот министер.

„Авганистанската епизода, епизодата со подморниците, покажуваат дека повеќе не може да сметаме дека САД ќе ја гарантираат нашата стратегиска заштита“, кажа Ле Мер за Франс инфо.

Тој додаде дека САД од стратегиски аспект имаат само една грижа и дека тоа е Кина.

„Потребно е нашите европски партнери да ги отворат очите“, кажа министерот.

Австралија го прекина договорот со Франција откако Вашингтон, Канбера и Лондон склучија стратегиско партнерство во индошацифичкиот регион, во кој е вклучена и набавка на американски подморници.

Како јадро на новиот безбедносен пакт, Австралија ќе набави подморници на нуклеарен погон со американска технологија, еднострано раскинувајќи го договорот со Франција за изградба на 12 конвенционални подморници на дизел.

Кина ја осуди „исклучително неодговорната“ продажба на американски подморници на нуклеарен погон на Австралија во рамки на новото партнерство.

Пекинг ги обвини САД, Австралија и Британија дека покажуваат „менталитет од Студената војна“ и дека го користат нуклеарното оружје за геополитички цели.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе

Неделава во Тирана за првпат 31 прехранбена и 6  дистрибутивни компании од регионов заеднички ќе настапат на саемот во организација на Коморскиот инвестициски форум кој го предводиме ние.

повеќе