Фон дер Лајен на европските пратеници во Стразбур им кажа дека е длабоко загрижена поради таа одлука која, како што тврди, е „директен предизвик по единството на ЕУ“ и која ја поткопува заштитата на независноста на правосудството.
„Не можеме и нема да дозволиме нашите заеднички вредности да бидат загрозени. Владеењето на правото е лепакот кој ја поврзува нашата унија“, изјави Фон дер Лајен.
„Сакаме силна Полска во обединета Европа“, порача Фон дер Лајен, додавајќи дека таа е отворена за компромис.
Односите меѓу Полска и ЕУ се на најниско ниво откако претходно месецов полскиот суд пресуди дека полските закони имаат предност над законите на 27-членкиот блок, во кој Полска влезе во 2004 година.
Тоа доведе до ескалација на долготрајните тензии околу демократските стандарди меѓу полските власти и бриселските институции.