Остар одговор

Фон дер Лајен: Пресудата на полскиот уставен суд е закана за ЕУ

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави денес дека одлуката на полскиот уставен суд со која се оспорува првенството на законите на Европската Унија, претставува закана за основните вредности на европскиот блок.

EPA-EFE

Фон дер Лајен на европските пратеници во Стразбур им кажа дека е длабоко загрижена поради таа одлука која, како што тврди, е „директен предизвик по единството на ЕУ“ и која ја поткопува заштитата на независноста на правосудството.

„Не можеме и нема да дозволиме нашите заеднички вредности да бидат загрозени. Владеењето на правото е лепакот кој ја поврзува нашата унија“, изјави Фон дер Лајен.

„Сакаме силна Полска во обединета Европа“, порача Фон дер Лајен, додавајќи дека таа е отворена за компромис.

Односите меѓу Полска и ЕУ се на најниско ниво откако претходно месецов полскиот суд пресуди дека полските закони имаат предност над законите на 27-членкиот блок, во кој Полска влезе во 2004 година.

Тоа доведе до ескалација на долготрајните тензии околу демократските стандарди меѓу полските власти и бриселските институции.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе