Поради новиот сој

Фон дер Лајен предлага да се прекине воздушниот сообраќај со југот на Африка

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен соопшти дека Европската комисија, во соработка со државите-членки, ќе предложи прекин на воздушниот сообраќај од регионот на јужна Африка поради новата варијанта на коронавирусот, која е откриена во Јужна Африка – Б.1.1.529.

Фото: ЕПА

Фон дер Лајен ова го напиша на Твитер, откако Британија соопшти дека научниците сметаат дека новоидентификуваната варијанта на коронавирусот, која се шири во Јужна Африка, е најзначајна варијанта откриена досега и дека затоа е потребно да се утврди дали е отпорна на вакцините.

Британската Агенција за здравствена безбедност соопшти дека варијантата Б.1.1.529 има шилест протеин што драстично се разликува од тој во оригиналниот коронавирус на кој се засновани вакцините.

Јужноафриканските научници соопштија дека новата варијанта има „мошне необична констелација на мутацијата”, која е загрижувачка, зашто би можела да му овозможи на вирусот да го избегне имунолошкиот одговор на телото и да го направи позаразен.

Австрија денеска ги заостри правилата за влез во земјата поради појавата на новиот сој на коронавирусот на југот на Африка.

Министерството за здравство соопшти дека им се забранува влез на патниците од Јужна Африка, Лесото, Боцвана, Зимбабве, Мозамбик, Намибија и Свазиленд (Есватини), земјите што се наоѓаат во регионите со новиот сој.

Само државјаните на Австрија може да влезат во Австрија од тие земји, но под строги мерки – десетдневен карантин, ПЦР-тест при влегувањето, регистрација.

Дополнително се изрекува и забрана на слетувања на авионите од овие седум африкански држави.

Австрискиот канцелар Александер Шаленберг истакна дека новиот сој дава повод за загриженост.

„Поради тоа реагираме брзо и доследно. Задолжителниот карантин за патниците од овој дел на Африка треба да помогне да го забавиме глобалното ширење на новиот сој”, порача тој.

Министерот за здравје Волфганг Микштајн рече дека Австрија реагира непосредно на актуелниот развој.

„Исто така е важно и другите земји на ЕУ брзо да реагираат”, порача тој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе