„Таргетирањето и убивањето на невини цивили. Прекројување на границите на сила. Ова е спротивно на основните принципи содржани во Повелбата на Обединетите нации. Во Европа, ние ја гледаме руската агресија како директна закана за нашата безбедност“, кажа таа во говор на геополитичка конференција во Њу Делхи.
Додаде дека „од ништо предизвиканата и неоправдана агресија на Москва на Украина“ е стратегиски неуспех и дека Европската Унија прави сè за да ѝ помогне на Украина да се избори „за својата слобода“.
„Поради тоа моравме да воведеме обемни, остри и ефикасни санкции“, кажа таа, но додаде дека тие самите не се решение на поширокиот план да се „постигне дипломатско решение кое ќе доведе до долготраен мир“.
Фон дер Лаен престојува во дводневна посета на Индија во обид да ја смени неутралната политика на азиската земја, во која се сретна со премиерот Нарендра Моди.
Нејзината посета се толкува како дел од напорите на Западот да го натера Њу Делхи да ги залади односите со Русија и да не купува руски енергенси.