Порача од Токио

Фон дер Лаен: Русија е најдиректната закана за меѓународниот светски поредок

Русија претставува „најдиректна закана" за меѓународниот светски поредок поради нападот на Москва врз Украина, изјави денеска во Токио претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен.

Фото: ЕПА

„Русија денес е најдиректната закана за светскиот поредок со својата варварска војна против Украина и загрижувачкиот пакт со Кина“, рече Фон дер Лаен по состанокот со јапонскиот премиер Фумио Кишида, на кој присуствуваше и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

Двајцата европски претставници денеска се во Токио на годишните разговори Јапонија-ЕУ, кои сега се одржуваат во екот на руско-украинскиот конфликт и зголемената загриженост во Азија поради воените амбиции на Кина.

„Руската инвазија на Украина не се однесува само на Европа, таа го поткопува срцето на меѓународниот поредок, вклучувајќи ја и Азија. Тоа не треба да се толерира“, рече јапонскиот премиер Кишида, чија влада се приклучи на западните санкции против Москва, особено финансиските и енергетските.

На дневен ред беше и зголеменото воено присуство на Пекинг во Азија. Европската унија настојува да има посилна улога во однос на Пекинг.

„Нашата соработка во Украина е неопходна во Европа, но исто така е важна и во индо-пацифичкиот регион, а исто така сакаме да ги продлабочиме консултациите за Кина која сè повеќе зајакнува. Мислиме дека Кина треба да се потврди во одбраната на мултилатералниот систем од кој имаше корист во развојот на својата земја“, рече Мишел.

Фон дер Лаен рече дека ЕУ и Јапонија ја зајакнуваат соработката, особено со започнување на дигиталното партнерство и во областа на трговијата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе