Финскиот претседател се сомнева дека спорот на НАТО со Турција ќе биде решен до самитот

Финскиот претседател Саули Ниинисто изјави дека се сомнева дека спорот со Турција околу приклучувањето на Финска и Шведска во НАТО ќе биде решен пред самитот следната недела во Мадрид.

Фото: ЕПА

Говорејќи на прес-конференција со претседателката на Европарламентот, Роберта Мецола, Ниинисто рече дека е напредок и тоа што двете земји преговараат, дури и ако Турција не ја промени својата позиција.

Шведска и Финска кон средината на мај аплицираа за членство во воената алијанса. Турција во моментов е единствената членка на НАТО што го блокира почетокот на процесот на пристапување на двете земји.

Анкара ја оправдува својата позиција велејќи дека Финска и Шведска поддржуваат „терористички организации“ како што е забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК).

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе