Финската премиерка на удар на критики: „Не се дрогирав“ (ВИДЕО)

Премиерката на Финска Сана Марин повторно е во фокусот на медиумското внимание поради својот приватен живот. На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како Марин се журка, пее и танцува со пријатели, но и со колеги политичари и радио и ТВ водители.

EPA-EFE

„Животот на Сана Марин се разликува од традиционалниот стил на премиер на држава што предизвикува големо внимание и дебата во јавноста“, наведе финскиот портал Илталехти со објавените снимки.

Најмладата премиерка во Европа не гледа ништо спорно во снимките.

„Танцував, пеев, прославував и правев легални работи. Не знам дека сум направила нешто нелегално и затоа не гледам потреба полицијата да интервенира. Ја минав вечерта со пријатели. Пиев малку, не многу“, кажа Марин.

Сепак, истакна дека мислела дека снимките кои се приватни нема да бидат објавени на социјалните мрежи.

„Лошо е тоа што се објавени. Имам семеен живот, работам многу, но своето слободно време го минувам со пријателите. Меѓутоа, морам да кажам дека не се дрогирав“, порача финската премиерка.

Ова не е првпат премиерката на Финска да се најде на удар на критики за својот приватен живот. И претходно се појавуваа снимки на кои се забавува, но една објавена во 2021 беше најкритикувана. На таа снимка се гледа како се забавува во ноќен клуб, иако претходно била во контакт со лице заразено со корона.

Потоа, Марин ѝ се извини на јавноста и кажа дека требало подобро да ги провери насоките на кризниот штаб.

„Многу ми е жал што не сфатив дека морам тоа да го направам“, порача тогаш Марин.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе