Финската премиерка: Европа не е доволно силна сама да ѝ се спротивстави на Москва

Финската премиерка Сана Марин денеска во Сиднеј изјави дека Европа „не е доволно силна“ сама да ѝ се спротивстави на Москва.

Фото: ЕПА

Премиерката на Финска, земја-кандидат за членство во НАТО, при посетата на Австралија истакна дека руската инвазија на Украина ги открила слабостите и стратегиските грешки на Европа во однос на Москва.

„Морам да бидам многу искрена со вас, Европа во моментов не е доволно силна, ние би биле во неволја без Соединетите Американски Држави“, рече Марин во истражувачкиот центар во Сиднеј.

Марин истакна дека на Украина мора да ѝ се помогне „со сите средства“.

САД одиграа централна улога во снабдувањето на Киев со оружје, финансиски ресурси и хуманитарна помош неопходни за да се запре напредувањето на Русија, рече Марин.

„Европа долго време гради стратегија кон Русија со цел да ги зајакне економските врски, со купување енергија од Русија... мислевме дека тоа ќе спречи војна“, но овој пристап се покажа „тотално погрешен“, рече Марин.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе