Финската влада вечерва најави дека ќе им го забрани влезот на руските туристи во земјата во следните неколку дена.
„Нашата цел е значително да се намали бројот на луѓе кои во Финска влегуваат од Русија“, кажа претседателот Саули Нинисто за државната телевизија.
Одлуката за забрана на влезот за руските туристи доаѓа во момент кога финската копнена граница е под притисок од бранот Руси кои бегаат во страв дека ќе бидат мобилизирани. Финска во изминатите денови беше под голем притисок од своите соседи од ЕУ откако одби да им го забрани влезот на руските туристи, што претходно го направија Естонија, Летонија, Литванија и Полска.