Ројтерс пренесува дека т.н „закон за подготвеност“ е изгласан со огромно мнозинство, што ѝ овозможува на Финска да го стави законот во сила по итна постапка. Тој потег на Финска се толкува како мерка на претпазливост поради можна руска одмазда на одлуката на оваа нордиска земја да влезе во НАТО.
Законот ќе има последици и за барателите на азил во Финска бидејќи ќе ѝ дозволи на владата да изгради огради и бариери на границите и да ги упатува сите баратели на азил на некој од неколкуте официјални гранични премини, пишува Гардијан.