Финска и Шведска заеднички ќе купуваат преносно огнено и противтенковско оружје, соопшти денеска финското Министерство за одбрана, додека двете нордиски земји поднесоа барања за приклучување кон НАТО-пактот.
Двете земји ќе ја зајакнат соработката со приклучување кон договорот за набавка на противтенковско оружје од шведскиот производител на оружје Сааб динамикс, пренесува Ројтерс.
Финскиот министер за одбрана Анти Каиконен, исто така, одобри подготовки за заедничко купување огнено оружје од мал калибар, вклучително и јуришни пушки и оружје за лична заштита.