Фејсбук им помага на медиумите со 100 милиони долари

Фесјбук ќе издвои 100 милиони долари за помош на медиумите за да се обезбедат веродостојни информации сега кога тие се исклучително важни и кога ионака лошата позиција на медиумите е дополнително загрозена со пандемијата на вирусот ковид-19.

„Медиумскиот сектор работи во исклучителни услови за на луѓето да им обезбеди информации и за време на пандемијата на коронавирусот“, наведе Кембел Браун, задолжена за соработка со медиумите.

„Во моментов кога новинарството е поважно од кога било претходно, приходите од огласувањата опаѓаат поради економските последици предизвикани од вирусот. Локалните новинари се особено погодени токму кога луѓето се вртат кон нив за да ги добијат клучните информации за безбедноста на своите пријатели, семејството и заедницата“, кажа таа.

Тие средства вклучуваат 25 милиони долари итни донации за локалното новинарство како и 75 милиони долари во облик на помош за промоција, соопшти Фејсбук. Не се објавени критериумите според кои помошта ќе им се доделува на одделни медиуми.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе