ФБИ упадна во куќата во Вашингтон на милијардерот Дерипаска, сојузникот на Путин (ВИДЕО)

Американското Федерално истражно биро презело „активности за спроведување на законот“ во куќата на рускиот милијардер Олег Дерипаска во Вашингтон, потврди службата за комуникации на ФБИ, пренесува Си-ен-ен.

EPA-EFE

Се наведува дека конкретната причина за упадот на агентите на ФБИ во куќата на Дерипаска сè уште не е познат, а портпаролот на ФБИ не изнесе детали.

Ен-би-си од лице место јави дека федералните агенти се наоѓаат околу имотот и не дозволуваат пристап на никому.

Олег Владимирович Дерипаска, руски милијардер, индустријалец и соработник на рускиот претседател Владимир Путин, се наоѓа на црната листа на САД.

Вашингтон претходно ги укина санкциите против неговите две главни компании – алуминиумскиот гигант Русал и неговата матична Ен+ група, откако тој го пренесе управувањето на други лица.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе