„Путин го одгледува Трамп веќе 5 години“

ФБИ: Русите имаат експлозивни информации за приватниот живот на Трамп

Синоќа во американската јавност како бомба одекнаа детали од засега непотврден извештај на британски разузнавач кој го доставил на ФБИ, во кој наводно се тврди дека рускиот претседател Владимир Путин „го негувал, поддржувал и помагал“ новиот претседател на САД Доналд Трамп најмалку пет години, со цел преку него да предизвика „пукнатини и поделби во западниот свет“, пренесува Гардијан.

Неколку американски медиуми пренесоа делови од извештајот со напомена дека не се потврдени. Во извештајот се наведуваат обвинувања дека Путин го има Трамп во шака со компромитирачки информации за ужасни сексуални перверзии во кои Трамп учествувал при една од претходните посети на Москва.

Водечкиот конзервативен сенатор Џон Меккејн минатиот месец му го проследил документот на директорот на ФБИ Џејмс Коми. Во непроверениот извештај се тврди дека постојат силни докази за поврзаноста на Трамп со Москва.

Од извештајот кој го составил поранешен британски разузнавачки оперативец, се дознава дека луѓето од кампањата на Трамп имале тесни контакти со Русите, но и дека Русите дошле до информации со кои би можеле да го компромитираат идниот претседател на САД. Станува збор, наводно, за информации со кои Путин може да го уценува Трамп.

Извештајот кружи по новинарските редакции и политичките кругови веќе некое време, но освен понекое спомнување на неговото постоење, до сега не беа објавувани детали. Синоќа за него почнаа да известуваат сите водечки светски медиуми, додека порталот Базфид, со оградување дека тврдењата од извештајот не успеале да ги потврдат, го објави комплетниот документ на 35 страници.

„Станува збор за лице кое секогаш било доверливо, педантно и многу добро информирано, со репутација на човек со голем број контакти со Русија“, вели анонимен извор за спомнатиот британски разузнавач, кој сега работи како приватен консултант, пренесува Гардијан.

Во извештајот, меѓу другото, се тврди дека Кремљ го подготвувал теренот, го поддржувал и помагал Трамп најмалку пет години со цел преку него да предизвика „пукнатини и поделби во западниот свет“.

Се спомнува дека Трамп одбил „разни профитабилни зделки со недвижности кои му биле нудени во Русија“, главно поврзани со одржувањето на Светското првенство во фудбал во 2018, но се додава дека „тој и неговиот најтесен круг соработници го прифатиле редовниот прилив на информации од Кремљ за неговите политички противници“.

Најексплозивното тврдење во извештајот е дека главната руска разузнавачка служба ФСБ за самиот Трамп собрала доволно компромитирачки информации за да може да го уценува. Во извештајот се зборува дека Трамп бил фатен во „сексуални перверзии“ при својот престој во Москва и Санкт Петербург и тоа во друштво на лица кои му ги наместил или ги надгледувал ФСБ.

Во еден дел од извештајот на поранешниот британски разузнавач се тврди дека членови на изборниот штаб на Трамп, кој едно време го водеше поранешниот консултант на проруските политичари во Украина Пол Манафорт, знаеле дека ќе се случат хакерските напади врз Демократската партија и дека на Русите за возврат им ветиле дека нема да се занимаваат со руската анексија на Крим во кампањата.

Иако Американците го фалат британскиот извор кој го составил извештајот, Гардијан напоменува дека во него има и грешки. Така во еден дел се спомнува московското предградие Марвика за кое се тврди дека е „резервирано за резиденциите на водечките функционери и нивните блиски соработници“, иако во реалноста, иако станува збор за исклучително скапа населба, нема никакви рестрикции на сопственоста на таа територија.

Извештајот прво го нарачале противниците на Трамп во Републиканската партија, а подоцна и демократите, но и самиот автор бил вџашен од информациите до кои дошол, па еден примерок самиот испратил до ФБИ, пишува Гардијан.

Трамп на твитер со големи букви напиша дека ова се „Лажни информации – тотален политички лов на вештерки!“

Таквата федерализација, како што нѐ учи балканското искуство е само преодна фаза која води кон распад на земјата.

повеќе

Во Македонија мора да се случи мирен премин на власта. Така мора да биде и по изборите од 2016 година. Во спротивно, земјата ќе се третира како „пиратска“ или како „разбојничка“ држава.

повеќе

Ако државата е заробена, а институциите не работат - мислам дека е потребно да се употреби сценариото како со АВНОЈ и АСНОМ во Втората светска војна.

повеќе