Со вакцината на Модерна

Фаучи се вакцинираше против коронавирусот (ВИДЕО)

Главниот американски експерт за заразни болести, доктор Ентони Фаучи, и американскиот министер за здравство Алекс Азар јавно денес се вакцинираа со вакцината на Модерна против ковид-19.

EPA-EFE

„Имам голема доверба во безбедноста и ефикасноста на оваа вакцина и сакам да ги охрабрам сите кои имаат шанса да се вакцинираат, за да имаме заштита во оваа земја која ќе стави крај на пандемијата“, кажа Фаучи пред вакцинирањето во клиничкиот центар Бетезда во Мериленд.

Вакцината на Модерна се дава во две дози.

Други високи јавни функционери, вклучувајќи го новоизбраниот претседател Џо Бајден и потпретседателот Мајк Пенс, се вакцинираа со вакцината развиена од Бајонтек и Фајзер, која прва беше одобрена.

Вакцината на Модерна во САД беше одобрена минатата недела.

Во САД со коронавирусот се заразија речиси 18 милиони луѓе, а над 319.000 умреа од компликации со вирусот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе