Главниот американски епидемиолог е сомничав

Фаучи: Се надевам дека Кинезите и Русите ги тестираат вакцините пред да му ги дадат некому

Американскиот имунолог Ентони Фаучи, ценетиот научник за епидемијата на коронавирусот, изрази сомнеж околу безбедноста на вакцините кои во моментов се тестираат во Русија и Кина.

EPA-EFE

„Навистина се надевам дека Кинезите и Русите ги тестираат своите вакцини пред да ги дадат кому било“, кажа Фаучи вчера во американскиот Конгрес.

„Да се каже дека вакцината е спремна за дистрибуција пред да биде тестирана, за мене е проблематично нешто, да не кажам нешто повеќе“, кажа Фаучи, директорот на американскиот Институт за заразни болести. Додаде дека САД за вакцината не треба да зависат од други земји.

Русија неделава соопшти дека се надева дека од септември и октомври ќе почне индустриското производство на две вакцини против коронавирусот кои ги развиле научници од државните центри. Русија, меѓутоа, не ги соопшти научните податоци кои ги потврдуваат безбедноста и ефикасноста на тие вакцини.

Неколку проекти за вакцина покажаа охрабрувачки резултати, а меѓу нив е една кинеска на која заеднички работат институт за воени истражувања и фармцевтската грипа Кансино биолоџикс.

Кинеската војска на крајот на јуни ја одобри употребата на вакцината во своите редови, иако сѐ уште не беа почнати завршните фази на тестирањето на вакцината.

Во западните земји во тек е развојот на три вакцини кои се наоѓаат во првата фаза на клиничкото тестирање врз луѓе.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе