Фаучи: САД би можеле да се вратат во нормалност дури во 2022

Водечкиот американски имунилог и директор на Националниот институт за алергиски и инфективни болести Ентони Фаучи изјави денес дека Соединетите Американски Држави би можеле да се вратат на „нешто слично на нормалност“ дури во 2022 година.

EPA-EFE

Зборувајќи на панел за пандемијата на ковид-19 на Универзитетот Мелбурн, Фаучи кажа дека дури и ако во следните неколку месеци во Америка биде регистрирана вакцина, поголемиот дел од населението би ја примил до крајот на следната година.

„Не сме во добра ситуација“, кажа д-р Фаучи и наведе дека во Америка секој ден во просек се заразуваат по 70.000 луѓе.

Фаучи ги пофали Австралијците поради тоа што практично сите носат маски, додавајќи дека би било многу добро кога Американците би го прифатиле тој менталитет.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе