Фаучи предвидува нагло зголемување на бројот на заразени во Америка

Главниот американски имунолог Ентони Фаучи, научник кој ужива исклучителна репутација во САД, предупреди на можно нагло зголемување на кривата на инфекција на ковид-19 по прославата на Денот на благодарноста.

EPA-EFE/Chris Kleponis

„За две до три недели, може да имаме нов скок на бројот на заразени“, по сегашниот пораст на бројот на новозаболени, предупреди директорот на Американскиот институт за инфективни болести, Ентони Фаучи, на мрежата Еј-би-си.

Најмалку 1,1 милион луѓе летале со авион во САД воочи семејниот празник Денот на благодарноста, што е најголем број откако во март изби пандемијата во земјата, според податоците на агенцијата ТСА задолжена за надзор на безбедноста на аеродромите.

„Загрижени сме за сите овие патувања за време на викендот“, изјави заменик-секретарот за здравство Брет Гироир за Си-ен-ен.

„Бројот на хоспитализации никогаш не бил поголем, скоро 95.000. Околу 20 проценти од пациентите во болниците имаат ковид, така што ова е многу опасен период“, додаде официјалното лице.

Бројот на хоспитализации за ковид-19 се зголеми во 46 сојузни држави, како што се Невада, Охајо и Пенсилванија, според Вашингтон пост.

САД, земја најтешко погодена од новиот коронавирус во светот, со над 266.000 смртни случаи, во петокот ја премина границата од 13 милиони заразени, покажуваат податоците на универзитетот Џон Хопкинс.

Во такви околности, д-р Фаучи рече дека не размислува за повлекување на препораката да не се патува и да се ублажат рестрикциите пред Божиќ.

„Затворете ги баровите, а училиштата нека бидат отворени“, препорача Фаучи.

Сепак, имунологот сакаше да ги смири своите сонародници, потсетувајќи дека вакцина ќе биде достапна за луѓето кои имаат најголем ризик да развијат тешка форма на болеста во декември.

Луѓето треба да знаат дека „постапката за производство на оваа вакцина е водена од строго научни мерила. Безбедноста не е доведена во прашање“, забележа тој.

Првите дози на вакцината ковид-19 од Фајзер и Бајонтек пристигнаа во САД од Белгија, објавија во неделата некои американски медиуми.

Вакцината Фајзер/Бајонтек наводно е ефикасна против вирусот во 95 проценти од случаите.

„Таа вакцина може да спаси животи“, истакна Брет Гироир. „Со неа ќе ја победиме пандемијата. Таа е светло на крајот од тунелот“, додаде тој.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/Chris Kleponis

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе