Главниот американски инфектолог

Фаучи: Нормален живот за една година

Познатиот американски инфектолог Ентони Фаучи, директорот на американскиот Национален институт за алергии и болести (НИАИД), и советник на Белата куќа, оцени во Италија дека „во оваа фаза мораме да бидеме максимално внимателни имајќи предвид дека коронавирусот се шири меѓу соседните земји, и дека ова е време на голем предизвик бидејќи треба да се придвижи економијата“.

EPA-EFE

Доктор Фаучи учествуваше на онлајн конференцијата „Граници – Фестивал на здравјето“ организиран во Рим и во таа прилика кажа дека враќањето на нормалниот живот може да се очекува кон крајот на следната, 2021 година.

До тогаш тој препорачува строго држење до пропишаните мерки: заштитни маски, физичка дистанца, да се избегнуваат групни собирања и да се престојува на отворен простор.

Според него, до крајот на оваа година може да се очекува ефикасна вакцина, поголемиот дел од светското население може да биде вакцинирано во текот на следната година, но не и целата популација, како што тоа е случајот со сипаниците.

„Доволно е да се вакцинираат 75 отсто од светското население за да се сопре ширењето на заразата“, кажа Фаучи.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе