„Сè зависи од тоа колку брзо ќе се одвива вакцинацијата и колку луѓето ќе сакаат да се вакцинираат. Ако сè помине во најдобар ред, би можеле релативно брзо, во текот на летото или секако на есен, да се вратиме во некој вид на нормалност“, изјави Фаучи за Си-ен-ен.
Советодавниот одбор за вакцини на американската „Агенција за храна и лекови“ (ФДА) гласаше за „Авторизација за итна употреба“ (ЕУА) за вакцината Фајзер ковид-19. Затоа, се очекува ФДА да одобри ЕУА за оваа вакцина во следните неколку дена.
„Верувам дека, ако масовно ги вакцинираме граѓаните, ако се вакцинира голем процент од населението, ќе можеме на есен да се вратиме во училиштата. Тоа е она на што се надевам и што предвидувам дека ќе се случи ако сите се вакцинираме“, рече Фаучи.