Фајзер вети дека испораката на нарачаните вакцини ќе биде на време

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен кажа дека во денешниот разговор со извршниот директор на Фајзер, Алберт Борул, добила уверувања дека сите нарани дози од вакцината за првиот квартал ќе бидат испорачани на време и покрај моментални застои поради надградбата на производниот погон на Фајзер за Европа.

EPA-EFE

Многу држави членки на ЕУ тврдат дека добиле помали пратки од вакцината против ковид-19 од очекуваните и на интерните состаноци негодуваат околу неизвесноста околу испораката на идните пратки.

„Ме увери дека лично ќе се позанимава со овој случај за што е можно побрзо да се надомести во моментов постоечкиот застој во производството. Му ја пренесов важната порака дека нам ни се итно потребни нарачаните дози за првиот квартал“, кажа Фон дер Лајен.

Претседателката на Европската комисија, која заедно со еврокомесарите е во работна посета на Португалија, наведе дека првите вакцини на Бајонтек/Фајзер веќе им се дадени на граѓаните низ ЕУ, а дека ревакцинацијата мора да се спроведе по четири недели.

„Постои и медицинска потреба да се придржуваме на она што е договорено со испораките“, кажа таа.

Претходно денес Фајзер ја известил ЕУ дека поради модификациите во погонот во европското седиште на компанијата во Пурс, Белгија, кое треба наместо 1,3 милијарди дози да се „надгради“ за две милијарди дози годишно, нема целосно да го исполни веќе ветениот обем на испорака во следните три до четири недели.

Вакцината која ја разви германската компанија Бајонтек а ја произведува американскиот фармацевтски џин Фајзер почна да се дистрибуира во ЕУ на крајот на декември.

Меѓутоа, третина од 27-те земји членки на ЕУ се жалат дека не добиле доволно дози од вакцината, што можело да се слушне на видео-конференцијата на министрите за здравство која се одржа во средата.

Многу земји реагираа и поради неизвесните рокови на испорака на идните пратки на вакцината.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе