Против ковид-19

Фајзер и Бионтек велат дека нивната вакцина е ефикасна повеќе од 90%

Американската компанија Фајзер денеска соопшти дека нејзината експериментална вакцина е повеќе од 90% ефикасна во спречувањето на ковид-19 врз основа на првичните податоци од голема студија, што е голема победа во борбата против пандемијата во која починаа над 1 милион луѓе, ја разори светската економија и го уништи секојдневен живот, пренесе Ројтерс.

Фото: ЕПА

Фајзер и германскиот партнер Бионтек се првите производители на лекови што покажаа успешни податоци од големо клиничко испитување на вакцината против коронавирусот. Компаниите соопштија дека досега не нашле сериозни проблеми со безбедноста и очекуваат подоцна овој месец да побараат одобрение за употреба во итни случаи на САД.

Доколку биде одобрена, бројот на дозите на вакцината првично ќе биде ограничен. Остануваат многу прашања, вклучително и колку долго вакцината ќе обезбедува заштита. Сепак, веста дава надеж дека и други вакцини во развој против новиот коронавирус може да се покажат ефикасни.

„Денес е одличен ден за науката и човештвото“, рече во изјавата Алберт Бурла, претседател и извршен директор на Фајзер. „Ние ја достигнуваме оваа критична пресвртница во нашата програма за развој на вакцини во време кога на светот тоа му е најпотребно со стапки на инфекции што поставуваат нови рекорди, болници што се наоѓаат пред преоптоварување и економии што се борат повторно да заживеат“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе