Испораките ќе бидат намалени сè додека американската компанија не ги зголеми капацитетите на своето производство.
„Ова привремено намалување ќе влијае на сите европски земји“, се наведува во соопштението на норвешкиот институт.
Се наведува и дека очекувале да добијат 43.875 дози од вакцината од Фајзер следната недела, но дека, по сè изгледа, ќе добијат 36.075 дози.
Институтот соопшти дека денес дознале дека испораките ќе бидат намалени, а тоа, како што наведуваат, е последица на ограничувањето на производството во Фајзер чија цел е зголемување на капацитетите на две милијарди дози вакцини годишно во однос на моменталните 1,3 милијарди.
„Сè уште не е јасно колку време ќе биде потребно пред Фајзер повторно да го достигне максималниот капацитет на производство“, порача норвешкиот институт.