Ма, основачот на гигантот за е-трговија Алибаба, кој некогаш беше најбогатиот човек во Кина, ретко се појавува во јавноста откако го критикуваше односот на кинеските регулатори кон технолошките компании на самитот во Шангај пред две години.
Денес, Фајненшл Тајмс, кој е во сопственост на јапонската медиумска компанија Никеи, откри дека Ма живее во Јапонија.
Повикувајќи се на анонимни извори, весникот наведува дека Ма со семејството живее во Токио речиси шест месеци. Фајненшл тајмс пишува дека Ма го поминува времето одејќи во скијачки центри во едно јапонско село и редовно патува во САД и Израел.
Ма, познат по својата отворена природа и ексцентричност, ги обвини регулаторите за задушување на иновациите. Неговите коментари, наводно, го налутиле кинескиот претседател Си Џинпинг.
Кинеските регулаторни тела ја блокираа продажбата на акции на Алибаба, вредна 34 милијарди долари, подружницата за онлајн плаќања на Алибаба, Ант груп, што би била најголемата понуда на акции во историјата.
Пекинг, исто така, нареди Алибаба да продаде дел од своите медиумски средства, вклучително и хонгконгската Саут Чајна Морнинг Пост.
Неколку месеци подоцна, Алибаба беше казнета со рекордни 2,8 милијарди долари поради антиконкурентни практики.