Европските лидери со овации ја поздравија Меркел на нејзиниот последен самит (ВИДЕО)

Самит на ЕУ без Ангела Меркел ќе биде како „Париз без Ајфеловата кула" или „Рим без Ватикан", рече во петокот претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, додека ѝ се заблагодаруваше на германската канцеларка која заминува во политичка пензија и која колегите ја испратија со овации.

Фото: ЕПА

Поздравувајќи ја, претседателот Мишел порача: „Нејзиното заминување од европската сцена политички нè допира, но и нè исполнува со емоции“, пренесува агенцијата дпа.

„Крајната трезвеност и едноставност“ на Меркел беа „моќно оружје“, рече поранешниот белгиски премиер и продолжи да нижи пофалби „Вие сте и компас и светилник на европскиот проект“, заклучи тој.

Зборовите на Мишел беа дочекани со бурен аплауз од насобраните лидери и тие со овации ја испратија Ангела Меркел на самитот во Брисел, што е нејзин 107 и последен самит по шеснаесет години на власт.

„Се надевам дека нема да се налутите поради оваа свеченост по повод вашиот последен самит“, ѝ рече Шарл Мишел, додавајќи дека состаноците на дваесет и седуммината „без Ангела ќе бидат како Рим без Ватикан или Париз без Ајфеловата кула“.

Европските лидери оддадоа почит на преговарачкиот дух на германската канцеларка на самитот во петокот во Брисел.

„Таа шеснаесет години ја одбележуваше Европа и ни помогна, на сите дваесет и седум земји, да донесуваме добри одлуки со многу хуманост во тешки времиња“, рече белгискиот премиер Александар де Кро.

Заминувањето на Ангела Меркел „ќе остави голема празнина бидејќи таа долго време ја вршеше функцијата и силно влијаеше на развојот на Европската унија“, додаде неговиот австриски колега Александар Шаленберг.

„Таа беше миротворец во ЕУ. Несомнено беше голем Европејка“, рече тој.

Канцеларката е „голема политичарка и главен фактор на стабилизација во комплицирани ситуации“, изјави литванскиот претседател Гитанас Науседа, нагласувајќи дека чувствува „голема почит“ кон неа.

„Таа секогаш наоѓаше како да нè обедини и да нè охрабри да продолжиме понатаму“, рече луксембуршкиот премиер Ксавиер Бетел, кој осум години беше нејзин близок соработник. „Ќе ми недостасува. На Европа ќе ѝ недостасува“, рече тој.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, поранешната министерка за одбрана во владата на Ангела Меркел, неодамна истaкна во која мера аналитичкиот дух на оваа докторка по физика бил пресуден во деблокирањето на често бескрајните европски преговори.

Во последните месеци, европските лидери се заредија со признанија и благодарност кон онаа што ја водеше Германија од 2005 година, речиси исто колку и канцеларот на обединувањето Хелмут Кол (1982-1998).

Меркел, на чело на најсилната економија на континентот, беше остро критикувана за ставот на Берлин во кризата на еврозоната по колапсот на светскиот финансиски пазар во 2008-2009 година, но потоа силно беше пофалена за нејзиниот одговор на мигрантската криза во 2015 година и затоа што на крајот се согласи на заедничко задолжување на дваесет и седуммината.

Христијанско-демократската канцеларка (ЦДУ) покажа способност за прагматично управување благодарение на што успеа да постигне потребни спогодби со цел да се зачува единството на Унијата.

Германија треба да добие нов канцелар до Божиќ. Социјалдемократите, зелените и либералите во четвртокот објавија распоред за нивните преговори со цел на почетокот на декември на челната должност да го донесат Олаф Шолц (СПД).

Заминувањето на Ангела Меркел (67) ги поттикнува стравувањата од празен простор во ЕУ која се соочува со важни одлуки: економското закрепнување по ковид, климатските промени и потврдувањето на својата геополитичка улога во однос на Соединетите Држави и Кина.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе