ЕУ сепак ќе ја ограничи цената на руската нафта

Европската Унија вети дека ќе ја ограничи цената на руската нафта и ќе наметне понатамошни ограничувања на трговијата со висока технологија, како дел од најновата рунда санкции, „за Кремљ да плати за ескалацијата на војната“.

EPA-EFE

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен кажа дека Русија го кренала конфликтот „на ново ниво“ со референдумот на териториите под руска контрола во Украина, со наредувањето на делумната мобилизација и заканата на рускиот претседател Владимир Путин дека може да употреби нуклеарно оружје. „Решени сме да го натераме Кремљ да плати за оваа понатамошна ескалација“, кажа таа.

Вети дека ЕУ ќе воведе ограничување на цената на руската нафта за да „помогне да се намалат руските приходи и да се одржи стабилноста на глобалниот пазар“. Европската комисија сака да наметне и понатамошни ограничувања на високотехнолошката стока која ЕУ може да ѝ ја продава на Русија, како одредени хемикалии и делови за воздухопловството, за дополнително да ја ослаби способноста на Кремљ да води војна.

Путин претходно за најавата на Брисел дека би можел да ги ограничи цените на руските енергенси кажа дека тоа може да предизвика катастрофални последици на енергетскиот пазар.

„Санкциите против Русија им предизвикуваат многу повеќе штета токму на земјите кои ги воведуваат“, кажа тој, истакнувајќи дека цените на енергенсите во западните експлодираа. Изрази задоволство поради тоа што останатите земји произведувачи на нафта ги отфрлаат барањата на Западот за зголемување на производството за да се надомести бојкотирана руска нафта и да се спречи раст на цените.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе