ЕУ поради Полска не успеа да договори ограничување на цените на руската нафта

Земјите членки на Европската Унија денес не успеаја да се договорат за ограничување на цените на руската сирова нафта која доаѓа по море, бидејќи Полска инсистирала дека горната граница мора да биде пониска од онаа која ја предложи Г7 за да се намали капацитетот на Москва да ја финансира војната во Украина, кажаа дипломати.

EPA-EFE

„Нема договор. Правните текстови се сега договорени, но Полска сè уште не се согласува на цената“, кажа еден дипломат за Ројтерс.

Сè уште не е одреден нов датум на преговорите, додаде тој, иако механизмот за ограничување на цените треба да стапи на сила на 5 декември.

Ако до следниот понеделник нема договор за ограничување на цените кој го предложи Г7, ЕУ ќе ги примени построгите мерки договорени на крајот на мај – забрана на увозот на целокупната руска сирова нафта од 5 декември и забрана за увоз на нафтени деривати од 5 февруари, кажаа дипломатски извори.

Унгарија и други две централноевропски држави без излез на море обезбедија изземање од таа забрана, потсетува Ројтерс.

Групата седум индустриски најразвиени западни земји (Г‘) предложи поблага верзија на забраната за снабдувањето на глобалната економија со нафта да остане стабилна бидејќи Русија испорачува 10 отсто од светската нафта.

Групата предложи ЕУ и другите глобални купувачи да продолжат да купуваат руска сирова нафта, но само ако нејзината цена е на договореното ниво или под него. Тоа би ги намалило приходите на Москва. Г7 предложи горна граница од 65-70долари по барел, но Полска тврди дека тоа нема да ѝ наштети на Москва.

Полска, Литванија и Естонија бараат ограничување на цената од 30 долари по барел. „Полјаците се целосно бескомпромисни околу цената, не предлагајќи прифатлива алтернатива“, истакна европски дипломат. „Јасно е дека постои сè поголем гнев околу полскиот став“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе