ЕУ подготвува итен план за преживување без рускиот гас

Европската комисија најави изработка на итен план чиј цел е да им помогне на земјите членки на Европската Унија да преживеат без руските енергенси.

EPA-EFE

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен кажа денес дека станува збор за иницијатива со која продолжува планот на ЕУ да ја прекине зависноста од рускиот јаглен, гас и нафта и оди под рака со забрзувањето на развојот на обновливите извори на енергија.

„Подготвуваме итни планови за Европа“, кажа Фон дер Лаен во чешкиот град Литомишл, каде го одбележа почетокот на шестмесечното чешко претседателство со ЕУ.

„Цените не енергијата се високи и луѓето сосема оправдано очекуваат од нас да направиме нешто во врска со тоа“, кажа шефицата на ЕК.

Кажа дека планот, кој би требало да биде довршен до средината на јули, ќе биде фокусиран на две клучни точки: каде и како да се заштеди на енергенси „на паметен начин“ за да се намали потребата од руски гас и нафта и поддршка на земјите кои се најзависни од руските енергенси.

„Ни треба заеднички план кој ќе обезбеди енергијата односно гасот да оди таму каде што е најпотребен“, кажа Фон дер Лаен.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе