ЕУ неделава ќе му плати на Киев помош од пет милијарди евра

Украина очекува да добие пет милијарди евра макрофинансиска помош од Европската Унија оваа недела за поддршка на економијата и армијата и за подготовка за претстојната зима, изјави денеска украинскиот премиер Денис Шмихал.

Фото: ЕПА

„Ова ќе помогне да се гарантира стабилноста на нашата економија, поддршка за армијата и... грејната сезона“, рече Шмихал во изјавата на Телеграм пред средбата со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер.

Руската инвазија на Украина ги исцрпува ресурсите на земјата и Киев постојано бара финансиска помош од ЕУ, САД и меѓународните кредитори.

Шмихал, кој доцна синоќа пристигна во Берлин, се очекува да се сретне со германскиот канцелар Олаф Шолц и други официјални претставници.

Се очекува и Германија есенва да ѝ испорача софистицирани системи за противвоздушна одбрана на Украина, изјави украинскиот премиер.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе