Фајненшл Тајмс

ЕУ ќе го ограничи бројот на визи за Русите

Европската унија планира да го суспендира договорот за патни визи со Русија следната недела, објави Фајненшл тајмс повикувајќи се на повеќе извори.

Фото: ЕПА

Планот за замрзнување на договорот од 2007 година би требало како што се наведува, да им го отежне и поскапи на Русите добивањето документи за влез во Шенген зоната.

Тоа доаѓа откако некои источни земји членки на ЕУ се заканија дека еднострано ќе ги затворат своите граници за руските туристи, додека други земји повикаа на колективна акција за да се спречат руските граѓани да патуваат во ЕУ со туристички визи.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски исто така повика на целосна забрана за влез на руски државјани во ЕУ. Како прв чекор, министрите планираат да дадат политичка поддршка за суспензијата на договорот за визно олеснување меѓу ЕУ и Русија на дводневниот состанок во Прага кој започнува во вторник, потврдија за Фајненшл тајмс три добро информирани извори.

„Несоодветно е руските туристи да шетаат во нашите градови и да се закотвуваат во нашите пристаништа. Мораме да испратиме сигнал до руското население дека оваа војна не е во ред, дека не е прифатлива“, рече добро информиран, неименуван официјален висок претставник на ЕУ. Тој рече и дека до крајот на годината може да се воведат радикални промени.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе