ЕУ: Ќе ги удвоиме напорите да го зачуваме договорот со Иран

Европската Унија „двојно ќе ги зголеми напорите“ за да се зачува нуклеарниот договор со Техеран од 2015 година, кој беше доведен во прашање со одлуката на иранските власти повторно да почнат да збогатуваат ураниум, кажа денес портпаролот на шефот на европската дипломатија.

EPA-EFE

„Со голема загриженост реагираме на мерките кои ги презема Иран за да почне да збогатува ураниум на ниво од 20 отсто. Тоа ќе биде значително оддалечување во однос на неговите обврски од нуклеарниот договор... и ние ќе ги удвоиме напорите за да го зачуваме договорот“, кажа Петер Стано, портпаролот на Жосеп Борел.

Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) потврди вчера дека Иран почнал со полнење со ураниум збогатен на 4,1 отсто на шест каскади центрифуги со цел негово збогатување на 20 отсто.

ЕУ денес истакна дека е „важно да е избегне секоја мерка која може да го компромитира зачувувањето на договорот“.

„И покрај мерката на Иран која е за жалење, важните елементи на нуклеарниот договор, особено строгите мерки на проверка и транспарентност и понатаму важат“, кажа Стано.

Техеран донесе одлука дека ќе почне да збогатува ураниум две недели по министерската средба со потписничките на договорот (Германија, Кина, Русија, Франција и Британија) по претседателство на Борел, на која учесниците ја потврдија својата посветеност на „зачувување на договорот и своите напори во таа цел“.

„Врз основа на министерската изјава на учесниците на состанокот на 21 декември ќе ги удвоиме напорите со цел зачувување на договорот и негово целосно спроведување“, истакна Стано.

Владата на претседателот Хасан Рохани, умерен политичар, се спротивстави на новиот закон кој го изгласа парламентот, кој ѝ наложува на владата веднаш да продолжи да збогатува ураниум на 20 отсто и да произведува 120 килограми годишно, оценувајќи дека тоа е спротивно на дипломатските напори чија цел е укинување на американските санкции.

Владата, меѓутоа, предупреди дека законот ќе мора да се спроведе ако стапи на сила.

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден најави дека повеќе нема да спроведува политика на „максимален притисок“ врз Иран како неговиот претходник Доналд Трамп, кој ги повлече САД од иранскиот нуклеарен договор во мај 2018.

„Нашите мерки се реверзибилни ако сите страни го почитуваат договорот“, кажа вчера иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе