Падна договор

ЕУ и САД ги суспендираат спорните заемни царини

Европската Унија и Соединетите Американски Држави договорија суспензија на царините кои беа воведени во рамки на долгиот спор на произведувачите на авиони Ербас и Боинг, кажа претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

EPA-EFE

Таа кажа и дека разговарала со американскиот претседател Џо Бајден и дека се сложиле на суспензија на наплатата на царините во следните четири месеци, и дека се фокусирани на решавање на спорот.

„Ова е извонредна вест за компаниите и индустријата од двете страни на Атлантикот, како и многу позитивен сигнал за нашата економска соработка во иднина“, кажа Фон дер Лајен.

Соединетите Држави имаат царини на 7,5 милијарди долари вредна стока од Европската Унија, а ЕУ четири милијарди долари царина на увоз од САД.

Комесарот за трговија на ЕУ Валдис Домбровскис го поздрави новиот договор како значителен чекор напред.

„Ова значи ресетирање на односите со нашиот најголем и економски најзначаен партнер. Отстранувањето на овие царини е добитна комбинација за двете страни“, додаде Домбровскис.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе