Дипломатски извори во Брисел наведуваат дека од текстот на шестиот пакет санкции е изоставен поглаварот на Руската православна црква патријархот Кирил, на што инсистирала Унгарија.
Шестиот пакет санкции на ЕУ против Русија опфаќа делумно ембарго на увозот на руска нафта во Унијата, исклучување на најголемата руска банка, Сбербан, од системот на трансакции СВИФТ, забрана за емитување на три руски државни медиуми во ЕУ и проширена листа на санкционирани лица на која требало да е најде и патријархот Кирил.