ЕУ: Ако чекаме, ќе играме како што свири Русија

Вчера Европската Унија им порача на земјите-членки да ја намалат употребата на гас за 15 отсто до март следната година, како дел од вонредните мерки, откако рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека руските испораки преку најголемиот гасовод за Европа може дополнително да се намалат, или дури и да запрат.

Фото: ЕПА

Испораките преку Северен тек 1, кој испорачува повеќе од една третина од извозот на руски гас во Европската Унија, треба да продолжат денеска, по 10-дневната суспензија заради годишно сервисирање.

Испораките преку гасоводот веќе беа намалени и пред паузата за ремонт поради спорот со санкциите, и сега може дополнително да се скратат, додека испораките преку други рути, како Украина, исто така се намалени откако Русија го нападна својот сосед во февруари.

Како резултат на овие нарушувања, Европа не успеа да го наполни складиштето на гас пред зимата, што го зголемува ризикот од рестрикции и претставува уште еден удар за кревкиот економски раст, особено ако Москва дополнително го ограничи или целосно го прекине снабдувањето.

Европската комисија предложи доброволна цел за сите земји-членки на ЕУ да ја намалат употребата на гас за 15 отсто од август до март, во споредба со просечната потрошувачка за истиот период од 2016 до 2021 година.

„Русија нѐ уценува. Русија ја користи енергијата како оружје. И затоа, во секој случај, без разлика дали станува збор за делумно намалување или целосен прекин на испораките на руски гас, Европа треба да биде подготвена“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен.

За овој потег, за кој е потребна поддршка од сите членки на ЕУ, ќе се разговара в петок за министрите да можат да го одобрат на 26 јули. „Веруваме дека е веројатен целосен прекин на испораките“, рече еден претставник на ЕУ. „Ако чекаме, ќе биде поскапо и ќе значи дека играме како што свири Русија.“

Европските политичари тврдат дека Русија користи технички проблеми како увертира за намалување на испораките. Кремљ тврди дека Русија е доверлив снабдувач со енергија и вината за намаленото снабдување ја префрла на санкциите.

Два руски извори запознаени со плановите за извоз изјавија за Ројтерс во вторникот дека испораките преку Северен тек 1 се очекува да почнат денеска, но под капацитетот од 160 милиони кубни метри дневно.

Газпром, контролиран од Кремљ, го намали извозот на 40 отсто од капацитетот во јуни, обвинувајќи го за доцнењето враќањето на турбината што беше на поправки во фабриката Сименс во Канада.

Путин вчера изјави дека може да има дополнително намалување на испораките или дури и целосно прекинување на протекот преку гасоводот што оди до Германија преку Балтичко Море, кој во голема мера се потпира на руското гориво.

Тој рече дека опремата е вратена од Канада, но поради квалитетот на вратената опрема и други параметри, гасоводот може сепак да биде затворен.

„Можеби во еден момент ќе го исклучат и тоа ќе биде тоа, Северен тек 1 ќе престане да работи, бидејќи таква опрема стигнала од Канада“, рече тој во телевизиско обраќање без да даде дополнителни детали.

Цените на гасот вртоглаво се зголемуваат во нестабилната трговија од избувнувањето на украинската криза. Референтниот месечен гасен договор ТРНЛТТФМц1 вчера се искачи над 160 евра по мегават-час, што е за 360% повеќе од пред една година, но под највисокото ниво во март од 335 евра.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе