Американскиот дипломат за спорот на Белград и Приштина

Ескобар: Уверен сум дека Србите на Косово нема да видат никаква промена на 1 септември

Специјалниот американски претставник за Западниот Балкан во Белград изрази надеж и уверување дека Србите на северот на Косово нема да видат никаква промена во своите животи на 1 септември, за кога владата во Приштина го најавува почетокот на примена на мерките на реципроцитет.

EPA-EFE

По разговорите со претседателот на Србија Александар Вучиќ и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Мирослав Лајчак, Ескобар денес на новинарите им кажа дека неговата надеж е дека Србите на северот на Косово „нема суштински да станат гости во својата земја“, дека „ќе бидат признати како легитимни државјани и на Србија и на Косово“ и дека „ќе продолжат мирно да живеат“.

„Тоа е мое очекување и моја надеж. Уверен сум дека тоа можеме да го постигнеме“, кажа Ескобар, заменик помошникот на американскиот државен секретар, околу спорот на Белград и Приштина околу мерките на косовската влада за регистарските таблички и личните документи.

Наведе дека тој и Лајчак на секој состанок со косовските функционери во Приштина неделава укажувале на неопходноста на примената на сите потпишани договори во бриселскиот дијалог.

„Сите елементи на дијалогот мора да бидат применети, вклучувајќи го формирањето на Заедницата на српски општини. Тоа е пораката која веќе јасно ѝ ја пренесовме на косовската влада оваа недела во Приштина и при неодамнешната посета на премиерот (Аљбин) Курти и претседателката (Вјоса) Османи на Вашингтон“, додаде американскиот дипломат.

Ескобар кажа дека „нема рокови“ за формирањето на Заедницата на српски општини, но додаде дека САД очекуваат за тоа „многу скоро да се разговара во рамки на дијалогот“.

„Тоа не значи дека мора да се постигне договор, туку да се разговара за ЗСО, за можните модалитети на примена“, наведе.

Тој повеќе пати повтори дека САД не се дел од дијалогот, но дека силно го поддржуваат бидејќи „веруваат дека тоа е каналот за доаѓање до сеопфатен договор за нормализација на односите кој ќе ја отклучи европската иднина на двете земји“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе