Ерупцијата на вулканот почнала во 17 часот по локално време, а на снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како над куќите кружат облаци од сив пепел, пренесува Ројтерс.
Неодамна и други вулкани, како Мерапи на Јава и Синабунга на Суматра, покажаа знаци на засилена геолошка активност.
Во Индонезија има околу 130 активни вулкани, повеќе од која било друга земја во светот.