Нагорно-Карабах

Ерменија и Азербејџан се судрија околу спорен регион, соборени дронови и хеликоптер

Ерменија во неделата наутро рече дека соседен Азербејџан нападнал цивилни населби во регионот Нагорно-Карабах и ги повика жителите во спорниот регион да одат во засолништа.

EPA-EFE/MINISTRY OF DEFENCE OF ARMENIA

Ерменското Министерство за одбрана соопшти дека нивните сили собориле два азербејџански хеликоптери и три беспилотни летала како одговор на нападите, за кои рекоа дека започнале во 4:10 часот според ГМТ. Целта на нападот биле цивилни населби, вклучувајќи го и регионалниот центар Степанакерт.

„Нашиот одговор ќе биде пропорционален, а военото раководство на Азербејџан носи целосна одговорност за ситуацијата“, се вели во соопштението на ерменското министерство за одбрана.

Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека започнало воена операција долж „линијата на контакт“, ничија земја што ги одделува силите поддржани од Ерменија од азербејџанските сили во регионот, објавија руските новински агенции.

Министерството соопшти дека азербејџанскиот хеликоптер бил соборен, но дека екипажот преживеал.

Двете поранешни советски земји веќе четири децении се заглавени во нерешен конфликт околу Нагорно-Карабах, меѓународно признат како дел од Азербејџан, но контролиран од етничките Ерменци. Граничните судири се интензивираа во последните месеци.

Ерменското Министерство за надворешни работи ја осуди „агресијата на воено-политичкото раководство на Азербејџан“ и рече дека ерменската страна ќе одговори соодветно воено и политички.

Етничките Ерменци во Нагорно-Карабах прогласија независност за време на конфликтот што избувна по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година.

Иако се согласија за прекин на огнот во 1994 година, Азербејџан и Ерменија меѓусебно се обвинуваат за нападите околу Нагорно-Карабах и долж државната граница меѓу двете земји.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/MINISTRY OF DEFENCE OF ARMENIA

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе