„Ме очекува во февруари. Ми вети. Во февруари ќе ја посетам Саудиска Арабија“, кажа Ердоган алудирајќи на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман.
Тоа ќе биде прва посета на Ердоган од убиството на Кашоги, кого во саудискиот конзулат во Истанбул на 2 октомври 2018 година го убија група луѓе испратени од Ријат.
Кашоги, остар критичар на реформите на саудиските власти, беше колумнист на Вашингтон пост.
Ердоган тогаш ја обвини саудиската влада дека го нарачала убиството, додека односите на Анкара и Ријад се влошија една година претходно, во 2017. Тогаш Саудиска Арабија им наложи на арапските земји прекин на дипломатските односи со Катар, која е близок сојузник на Турција.
Меѓутоа, Ердоган во последно време се обидува да ги обнови врските со регионалните сили, па така во декември кажа дека сака развој на односите со сите заливски земји.