Тој тоа го кажа по средбата со косовската претседателка Вјоса Османи во Анкара.
Ердоган потсети дека Турција беше втората земја која ја призна самопрогласената независност на Косово и додаде дека, како што тогаш не ѝ била потребна ничија дозвола, исто ќе постапи и кога Приштина ќе поднесе барање за влез во НАТО.
Додаде дека со Османи разговарал и за помош од Турција да се добијат признавања од земјите кои тоа не го направиле.
„Ние како важна земја во НАТО не гледаме ништо лошо во членството на Косово во Алијансата и го поддржуваме овој процес. Ќе преземеме чекори, како што помогнавме во процесот на признавање, истото ќе го направиме и во процесот на приемот на Косово во НАТО“, кажа Ердоган.
Тој кажа дека „искрена желба на Турција е процесот на дијалогот на Белград и Приштина што побрзо да заврши со сеопфатен договор кој ќе обезбеди стабилност во регионот“. Османи на заедничката конференција за новинари ѝ се заблагодари на Турција што е секогаш со Косово.
„Ситуацијата во Украина ја покажа потребата Косово да влезе во НАТО. Поддржувајќи го нашиот влез во НАТО, Турција дава директна поддршка на мирот и безбедноста низ регионот и на европскиот континент“, кажа Османи.