Ердоган: Пристапот што го имаат талибанците не е начин на кој би требало да се однесуваат муслиманите

Турскиот претседател Таип Ердоган рече дека талибанците „би требало да стават крај на окупацијата на земјата на своите браќа", минимизирајќи го при тоа предупредувањето на милитантната група за последиците со кои ќе се соочи Турција доколку нејзините сили останат во Авганистан.

Фото: ЕПА

„(Талибанците) треба да ја прекинат окупацијата на земјата на своите браќа и веднаш да му покажат на светот дека мирот завладеа во Авганистан“, изјави Ердоган за медиумите во понеделникот.

Тој исто така додаде дека пристапот што го имаат талибанците не е начин на кој муслиманите би требало да се однесуваат едни кон други.

Турција, која понуди да управува и да го обезбедува аеродромот во Кабул по повлекувањето на НАТО, преговара со Соединетите Држави за финансиска, политичка и логистичка поддршка.

Поради својата намера да ја задржи војската во Авганистан за да управува со аеродромот во Кабул, талибанците минатата недела издадоа предупредување до Турција.

Запрашан за коментар, Ердоган рече дека во изјавата дадена од талибанците експлицитно не се вели: „Не ја сакаме Турција“.

Турција има намера да одржи разговори со талибанците кои се противат на мерката, најави турскиот претседател, а пренесе Франс прес.

„Во моментов, било на ниво на Министерството за надворешни работи или на мое ниво, (...) се обидуваме да видиме кои разговори можеме да ги водиме со талибанците и каде можат да не однесат овие размени“, рече Ердоган.

Талибанците владееја со Авганистан од 1996 до 2001 година и 20 години се бореа за соборување на владата поддржана од Западот во Кабул и повторно воспоставување на исламска власт, и сега повторно се борат за освојување територии додека странските трупи се повлекуваат од земјата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе