Во интервју за приватната НТВ Ердоган доцна синоќа кажа дека Херцог би можел да дојде во посета во првата половина на февруари.
„Со таа посета ќе почне новата ера во израелско-турските односи“, најави Ердоган.
Односите на двете земји, некогаш блиски сојузнички, се влошија откако е на власт Ердоган кој остро ја критикува израелската политика кон Палестинците.
Тие ги повлекоа своите амбасадори во 2010 година, кога израелските сили ги сопреа бродовите со хуманитарна помош за Палестинците во Газа бидејќи ја пробија израелската блокада.
Во нападот кој тогаш се случи загинаа девет турски активисти.
Односите повторно беа влошени во 2018 кога Турција поради селењето на амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим повторно го отповика амбасадорот од Израел, што го натера Израел да го повлече својот претставник.
Турскиот и израелскиот претседател разговараа по телефон откако Херцог стана шеф на државата.
Ердоган разговараше и со премиерот на Израел Нафтали Бенет по ослободувањето на израелската двојка уапсена во Истанбул поради сомнежи за шпионирање.
Турција сега се обидува да ги подобри односите не само со Израел, туку и да ја прекине меѓународната изолација со нормализирањето на односите со неколку зенји во регионот, вклучувајќи ги Египет, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија.
Ердоган најави дека на 14 февруари ќе ги посети ОАЕ.